Mkd Zname

ШТРАЈК СО ГЛАД ЗА НЕ МЕНУВАЊЕ НА НАШЕТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА

Јас, Филев Ѓорги, поради непочитување на моите основни човекови права за самоопределување од страна на меѓународните организации, се одлучив на штрајк со глад и воедно иницирав со истомисленици основање на „Здружение за НЕ промена на нашето име Македонија“ за таа цел.

Ние сме Македонци, сите наши предци биле Македонци, името на нашата Држава и Татковина е Македонија, името на нашиот јазик е Македонски, идентитетот ни е вековно Македонски, тоа е факт којшто не може и не смее да се промени.

Да се собереме сите заедно, да се сплотиме и да си го зачуваме нашето вековно име Македонија, нашиот идентитет, чест и достоинство.

Тоа се работи за коишто не може да се преговара.

Ги повикувам сите Македонци, овде во Македонија и ширум светот, да ни се придружат во овој наш штрајк со глад, по своја волја, со единствена цел - неменливост на нашето име Македонија.

Воедно, ги повикуваме и сите оние кои ќе изразат добра волја, на кој било начин да го помогнат овој штрајк со глад.

Планирани термини за одржување на штрајкот:
(Точните датуми и локации дополнително ќе бидат соопштени во медиумите и сите заинтересирани благовремено ќе бидат информирани)

  1. 18:00h 17.12.2010 до 18:00h 18.12.2010 - Предупредувачки штрајк со глад од 24 часа само во Скопје,на улица Партизанска бр.22 во библиотека „Браќа Миладинови“
  2. 17:00h 14.10.2011 до 17:00h 16.10.2011 - Предупредувачки штрајк со глад од 48 часа во Скопје, на плоштад Македонија .
  3. Датумот и терминот за третиот штрајк со глад без ограничување во секоја општина во Македонија и организирање на Македонците во дијаспората ќе бидат дополнително објавени.

Во овој штрајк можат да се вклучат сите, без разлика на пол, вера и нација, со наполнети 18 години.

За било какви информации или коментари, пишете на kontakt@strajk.mk .

За пријавување и учество во штрајкот со глад кликнете овде.

 

Учесници во штрајкот одржан на 17 и 18 декември 2010

Учесници во штрајкот одржан на 14-ти, 15-ти и 16-ти Октомври 2011